Германската полиција заплени 60 милиони долари во биткоини, но не ја знае лозинката

Германските обвинители од измамник конфискувале биткоини во вредност од повеќе од 50 милиони евра (60 милиони долари), но проблемот е во тоа што тие не можат да ги отклучат парите затоа што тој одбива да им ја даде лозинката.

Човекот беше осуден на затворска казна и ја издржа, но не сака да ја открие лозинката, а полицијата прави постојани неуспешни обиди да го пробие кодот за пристап до повеќе од 1.700 биткоини, изјави денеска обвинител во баварскиот град Кемптен.

– Го прашавме, но не сака да ја каже, изјави за Ројтерс обвинителот Себастијан Мурер, пренесува Yahoo Finance.  – Можеби не ја ни знае, дополни Мурер.

Биткоинот се чува на софтвер познат како дигитален паричник кој е обезбеден преку криптирање. Лозинката се користи како клуч за декрипција за да го отворите паричникот и да пристапите до биткоинот. Кога лозинката е изгубена, корисникот не може да го отвори паричникот.

Измамникот е осуден на повеќе од две години затвор за прикриено инсталирање на софтвер на други компјутери за да ја искористи нивната моќ за  да произведува биткоини.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе