Гласајте за вашите омилени социјални бизниси

Во тек е гласањето за избор на најдобрите идеи за социјални младински бизниси како дел од Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Awards 2018, која традиционално и оваа година е поддржана од Шпаркасе Банка Македонија.

Гласајте за вашите топ три фаворити најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) до 23:59 часот, на следниот линк http://socialimpactaward.mk/.

Темите и областите што ги опфаќаат социјалните бизниси на оваа генерација идни млади претприемач(к)и се: благосостојбата и менталното здравје на луѓето и воопшто целокупното здравје на луѓето, здравата храна и здравите животни стилови, велосипедизмот, вработливоста на младите луѓе, справувањето со отпадот, рециклирањето и одржливата мода.

Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018, всушност претставува натпревар и целогодишна програма за поддршка на идеите меѓу студентите и младите, кои имаат потенцијал да се развијат во социјални бизниси. Младите тимови се натпреваруваат за три финансиски награди со вкупна вредност од 6.000 евра, кои ќе им бидат доделени од страна на Шпаркасе Банка Македонија, како и една нефинансиска награда – дополнителна менторска поддршка од „Конто профит“.        
Иако наградите се стимул за младите луѓе, вредноста на оваа програма е од голема важност за сите учесници, бидејќи учествувајќи во Social Impact Award, младите добиваат едукација, пристап до други интернационални програми, вмрежување со заедницата, како и можност за отпочнување сопствена кариера и решавање локални и глобални општествени проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваме.

Победниците ќе бидат прогласени на 3 октомври 2018 година.

Гласајте за да ги споделиме и да ги поддржиме идеите на младите генерации!

*Промотивен текст

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе