Гласен Текстилец: Прва кривична пресуда добиена во текстилната индустрија, победа за работниците

Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против нејзината сопственичка која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105.924 денари.

Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса во однос на кривичните дела за работните односи.

Од здружението наведуваат дека пријавата против сопственичката на делчевската текстилна фабрика е за „повреда на права од работен однос“ и „фалсификување на исправа”.

– Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни односи за престанок на работен однос од деловни причини и не ѝ исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата, се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.

Здружението наведува и дека е потребна поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела застапени против работните односи, како и да почне да се практикува Кривичниот законик, а не како што велат,  како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.

– Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, сѐ со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, велат во соопштението од „Гласен Текстилец“.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе