Голем удар за Путин: Загина еден од најуспешните руски генерали

За време на борбите во областа Запорожје, каде што украинските војници ја ослободуваат својата окупирана територија, загина началникот на Генералштабот и командант на руската 35-та армија, генерал-мајор Сергеј Горјачев.

Неговата смрт ја пријавија руски воени блогери. Според нив, тој бил убиен во украински ракетен напад за време на борбите покрај реката Мокри Јали, каде што украинските војници ослободиле седум села.

„Началникот на Генералштабот на 35-та армија загина како резултат на ракетен напад“, изјави рускиот воен дописник Јуриј Котенок на неговиот канал Telegram, наречен Vоенкор Котенок Z.

Тој го опиша генералот како еден од најпаметните и најефикасните воени лидери кој комбинирал „максимален професионализам и лична храброст“.

Бил учесник во Втората чеченска војна, командувал со руските сили во Молдавија во Придњестровје во 2013 година. На почетокот на инвазијата, Горјачев бил командант на 5-тата одделна тенковска бригада, а за време на војната бил унапреден на функцијата началник на армискиот штаб.

Врз основа на отворени извори, потврдена е смртта на петорица руски генерали, 58 полковници и 176 потполковници. Познати се имињата на загинатите генерали: генерал-мајор Канамат Боташев (пензиониран, наводно се борел во Вагнер), командант на 1-от армиски корпус на самопрогласената ДПР, генерал-мајор Роман Кутузов, заменик командант на 41-та Здружена армија на Армијата на Централниот воен округ, генерал-мајор Андреј Суховетскиј и заменик-командантот на 8-та армија, генерал-мајор Владимир Фролов, и генерал-мајор Олег Митјајев, командант ан 150-тата моторизирана дивизија Таман.

Горјачев е првиот генерал кој е убиен на позицијата началник на Генералштабот, односно командант на армиска група.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе