Град Скопје сега бара изјава заверена на нотар за субвенции за велосипед

Град Скопје повторно објави Јавен повик за субвенционирање на купување велосипеди, но овојпат со уште еден предуслов – изјава заверена на нотар.

Јавниот повик е објавен пред десетина дена, а Град Скопје мистериозно не ја сподели веста на своите профили на социјалните мрежи, каде редовно известува за активностите на градоначалничката Данела Арсовска, прскањето против комарци и каде има гужва низ главниот град.

Врз основа на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина на подрачјето на град Скопје за 2023 година, а во врска со Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2023 година, Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2023 година.

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на граѓани на подрачјето на градот Скопје, наменети за субвенционирање на дел од трошоците направени при купување на велосипеди за 2023 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во максимален износ од 4.000 денари по лице во кој е вклучен данок на личен доход.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2023 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 31.10.2023 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 01.01.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 31.10.2023 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

Пристигнатите барања во архивата на Град Скопје ќе бидат евидентирани со точно време на поднесување (датум, час и минута) и истите ќе бидат разгледувани според датумот и времето на пристигнувањето.

Услови за учество на јавниот повик

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари),
  • новиот велосипед да е купен во Република Северна Македонија од 01.01.2023 година се до исцрпувањето на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31.10.2023 година.
Начин на пријавување на Јавниот повик

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:

  • пополнето барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето ќе биде објавено на интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk).
  • нотарски заверена изјава дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за учество на овој Јавен повик (пример на изјавата ќе биде објавен на интернет страната на Град Скопје: www.skopje.gov.mk).
  • копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво да гласи на име на барателот, не ополномоштена од трето лице), а барателите кои немаат постојани примања да бидат регистрирани во Управата за јавни приходи со отварање на свој профил за данок на личен доход.
  • доказ дека е извршено купување на еден нов велосипед и тоа со приложување на оргинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2023 година се до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, но не подоцна од 31.10.2023 година, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.
  • Едно лице може да поднесе само едно барање на јавниот повик за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
  • Потребната документација, граѓаните ја поднесуваат во Архива на Град Скопје во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина – Комисија за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2023 година, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 8:30 – 15 часот.

Исплатата на финансиските средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, сè до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Град Скопје ќе објави дека Јавниот повик е завршен.

Јавниот повик и потребните документи можете да ги најдете на ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more
Музички ѕвезди и нивните најомразени хитови

Музички ѕвезди и нивните најомразени хитови

Read more
Хорор во Ново Мексико: Најдени останки на дете во пустината

Хорор во Ново Мексико: Најдени останки на дете во пустината

Read more

Македонија

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе