Границите во ЕУ повторно се отвораат, Германија прва

МИА
/ 14.05.2020 / 16:22

Берлин, 14 мај 2020 (МИА) – Германија сака постепено да ги отвори своите граници со некои соседни земји, додека другите држави од Европската Унија сè уште се внимателни за тоа прашање.

Услов за цело планирано олеснување на мерките во прекуграничниот сообраќај е дека бројот на нови инфекции во соседната земја или во соседниот регион не се зголемува видливо повторно.

Како упатство, германската Влада го наведува бројот на педесет нови зарази на 100.000 жители во последните седум дена. Ако има повеќе од нив, граничните контроли би можеле повторно да се воведат.

Од сабота (16 мај), сепак, ќе има контрола на граничните премини со Франција, Австрија и Швајцарија, но само по случаен избор. Контролите се укинуваат на граничните премини со Луксембург, преговорите со данската Влада се уште се во тек.

Целта на германската Цлада е повторно воспоставување слободен патнички сообраќај од средината на јуни, објави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер (ЦСУ).

Со оглед на тоа што сојузните германски покраини издаваат регулативи во врска со карантинот, Зехофер им предлага да ги укине за патниците од другите земји на ЕУ.

Но, ублажувањето не е исто во сите земји.

Полска не планира да ги отвори своите граници пред 12 јуни. Се уште се водат разговори со Полска и Чешка за намалување на граничните контроли и регулативите за карантин. Уште на 4 мај, беше укинат задолжителниот карантин за Полјаците кои работат или студираат во Германија и некои други земји. Сепак, ова не се однесува на медицинскиот персонал и негователи кои се итно потребни во болници и домови за стари лица во Германија.

Од друга страна, мерките за оние кои доаѓаат од Шпанија и од Италија не се очекува да бидат релаксирани се уште, заради исклучително големиот број на зарази во тие земји. Шпанија дури ги заостри правилата – шпанската Влада воведе двонеделен карантин за сите луѓе кои влегуваат во земјата од 15 мај. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе