Грчката опозиција во Парламент: Договорот ја прелеа чашата

Атина, 15 јуни 2018 (МИА) - Пред два часот по полноќ заврши првиот дел од расправата во грчкиот Парламент по доставениот предлог од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеници од сите партии вчера го изразија нивниот став околу договорот постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Расправата се движеше во очекуваните рамки, од опозицијата ја обвинија Владата дека прави отстапки со „лошиот договор“, додека пак пратениците и министрите од СИРИЗА со аргументи се обидуваа да ги убедат нивните колеги дека постигнатиот договор со Македонија е национално корисен за земјата.

Пратениците од Нова демократија, ПАСОК, Златна зора, Комунистичката партија и Сојуз на централисти, јасно рекоа дека договорот има проблематични делови со кои не се согласуваат, а со тоа и ќе гласаат позитивно за недоверба на Владата.

Во однос на содржината на договорот, во фокусот на пратениците од опозициските партии се најдоа деловите посветени на македонскиот јазик и македонското државјанство, а многумина ги коментираа дека тие се „основа на иредентизмот“.

- По лошото раководење на економијата, сега прават отстапки и во националните прашања, а договорот ја прелеа чашата, беше најчестиот коментар од пратениците на опозицијата.

Од владејачката СИРИЗА пак, пратениците го поддржаа ставот дека решението е неопходно и оти договорот е многу подобар од што и да било што се преговарало во минатото.

Од расправата не изостанаа ниту коментарите од опозицијата дека грчката Влада нема еден и единствен став, со оглед на тоа што коалициониот партнер Независни Грци, чиј лидер воедно е и министер за одбрана, нема да го поддржи договорот со Македонија, но нема да гласа позитивно за предлогот на Нова демократија за недоверба на Владата.

Седницата што вчера траеше речиси осум часа, продолжува денеска во 9:30 часот, а се очекува да кулминира утре со обраќањата на лидерите на политичките партии и на грчкиот премиер, по што ќе следи и гласањето за недоверба, јави дописничката на МИА од Атина.

Судејќи според говорите на пратениците од Нова демократија, гласањето недоверба ќе има карактер на прифаќање или отфрлање од грчкиот Парламент на постигнатиот договор со Македонија.

Додека се одвиваше седницата, пред грчкиот Парламент беа организирани протести за „одбрана на името Македонија“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе