Грчкото МНР ја испрати Вербалната нота

Атина, 12 февруари 2019 (МИА) – Атина ја испрати Вербалната нота до Скопје, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за

одбрана на Македонија и на Грција. Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да ѝ предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.

Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломатскиот кор.

Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителката на должност во канцеларијата за врски на Р Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, беа присутни голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос,

министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик Панајотис Ригас, заменик-шефовите на грчката дипломатија Маркос Боларис и Теренс Куик, министерката за цивилна заштита Олга

Геровасили, министерот за поморство Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот Парламент.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе