Груевски не ги признава резултатите и бара предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека на Македонија денеска ѝ се случиле мафијашки избори. Тој побара предвремени парламентарни избори и испорача седум барања до власта.

„Заради изборното насилство, заради силување на демократијата и на државата и евидентирани изборни нерегуларности, заради бруталниот терор во овие 5 недели, притисоци и поткуп, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука дека не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски. Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ бара итно враќање на демократијата во земјата и бараме организирање на предвремени парламентарни избори согласно Пржинскиот договор спроведени од техничка влада на ист начин како изборите на 11 декември минатата година. Ајде Заев ако си толку силен и јак да одиме на избори. Најмалку што можеш е и ти да се согласиш да одиме на избори“, рече Груевски.

Тој побара итна смена на директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, оставка од претседателот на ДИК Александар Чичаковски, итна истрага и вештачење на уредите за прислушкување на уредите на УБК со кои се прислушуваат, како што рече, најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ, итно завршување на судењето за случајот „Поктуп“, основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности од изборите во 2016 и 2017 година и итно ослободување на сите граѓани осомничени за насилства во настаните од 27 април.

„Ако Заев има минимум доблест треба веднаш да ги прифати овие барања. Подаваме рака пред да е предоцна, хунтата на Заев ја бутка Македонија во опасно сценарио. Заев и СДС сакаат да лапнат преголем залак ама ќе си ги скршат забите. Оваа битка допрва почнува. Од утре ќе бидеме сведоци на нова пеколна тура, нови малтретирања, акции на МВР за апсења на политички притивници затоа што така мислат дека ќе нè решат. Се лажат, ние ќе издржиме, не се плашиме од вашиот терор, ние сме ВМРО. Ние сме навлечени на Македонија и таа љубов вреди, таа љубов Заев не може да ја разбере, вреди да се бори за Македонија“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека најголемиот противник на овие избори на неговата партија била полицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори се соочи со двоен противник. Едниот е СДС, но најголемиот политички противник на овие избори беше полицијата која директно и брутално се ангажираше во партиски цели на СДС. Партиски полицајци на СДС брутално се конфронтираа со македонскиот народ. Ги знаеме сите лица кои ја киднапираа македонската полиција и по враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се соочат со санкции“, рече Груевски.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе