Грузискиот Парламент и официјално го отфрли предлог-законот за „странски агенти“

Грузискиот Парламент денеска го отфрли предлог-законот за „странски агенти“ што предизвика политичка криза и се закануваше да ја спречи кавкаската држава да изгради поблиски врски со Европа.

На собраниската седница, 35 пратеници, од вкупно 36 што гласаа, на второ читање го отфрлија текстот што беше прифатен на првото читање во понеделникот, што доведе до бран протести и низа осуди од Западот.

Грузиската владејачка партија Грузиски сон синоќа соопшти дека се откажува од нацрт-законот за „странски агенти“ по насилните протести против, како што велат противниците, авторитарниот пресврт инспириран од Русија што ги загрозува надежите на земјата за влез во Европската Унија. И покрај најавата, илјадници луѓе синоќа повторно излегоа на улиците на Тбилиси.

Предложениот закон ќе ги принудеше сите грузиски организации кои добиваат повеќе од 20% од својот приход од странство да се регистрираат како „странски агенти“, во спротивно ќе бидат казнети.

Демонстрантите вчера повикаа да се одржи седница на парламентот на која вистински би се повлекол законот што го помина првото читање.

Грузија, поранешна советска република, официјално сака да се приклучи на Европската Унија и НАТО.

Тагови
реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе