Guardian: Елиф Елмас – македонскиот дијамант кој ги освои срцата на сите навивачи

Две децении по воениот конфликт и меѓуетничките тензиите во земјата, македонската фудбалска репрезентација како никој порано ја обедини нацијата со историскиот пласман на ЕУРО 2020, а еден играч ги освои срцата на сите навивачи – Елиф Елмас, пишува Guardian во најавата за настапот на „црвено – жолтите“ на претстојното Европско првенство.

Следејќи го неговиот развој и фудбалска кариера од самите почетоци, угледниот лондонски весник посветува опширен текст за 21-годишниот Елмас, под наслов „Македонскиот дијамант создаден во продавница за слатки“.

– Израснат во еден од најнебезбедните делови на Скопје, мултиетничката населба Чаир, во која едни покрај други живеат Македонци, Албанци, Турци и Роми, Елмас е роден на 24 септември 1999 година во семејство на родители со турски корени, а неговиот татко Џеват е сопственик на продавница за слатки. Денес, 20 години подоцна, Елмас стана клучна фигура во македонскиот тим, кој ја обедини нацијата како никогаш порано. Малкумина се запознати дека Елиф знае да подготвува едни од најубавите македонски традиционални колачи и речиси сигурно ќе ја продолжеше семејната традиција доколку не станеше фудбалер. Меѓутоа, фудбалот победи, пишува Guardian.

Потсетувајќи на победоносниот гол што Елмас го постигна против Германија во една од најголемата победи на македонскиот тим во својата историја, Guardian посочува дека потенцијалот на Елмас прв го забележал актуелниот македонски селектор Игор Ангеловски, донесувајќи го на 12-годишна возраст во скопски Работнички, пред да започне неговата меѓународна кариера со трансфер во Фенербахче, а од турскиот гигант да се пресели во италијанскиот прволигаш Наполи.

„Веројатно 21-годишниот Елмас го чека долг пат пред да ги достигне височините на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но ова лето тој ќе има идеална сцена да ги покаже своите квалитети во конкуренција на европската елита. Елмас и македонскиот тим на ЕУРО 2020 ќе играат во групата Ц против Холандија, Украина и Австрија, кои со доаѓањето на летото ќе дознаат многу повеќе за македонскиот фудбалски дијамант“, заклучува британскиот весник.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе