Гужва за пенал: Барса, што ти се случува?

Во натпреварот од 24. коло на Ла Лига, Барселона со 1:0 ја победи претпоследната Валенсија со голот на Рафиња во 15. минута. Така Барса се одвои од Реал на врвот на девет бода.

Сепак, важната и можеби клучна победа на Барселона во борбата за титулата остана во сенка на неверојатната сцена во 55. минута.

Беше досуден пенал за Барса. Топката ја зеде Феран Торес, на кого му пријде Ансу Фати и го убедуваше да го пушти да го изведе пеналот. Следеше расправија, при што Торес дури го оттурна Фати. Вознемирениот Торес го изведе пеналот и наместо голот, ја погоди стативата.

Тренерот на Барселона, Чави, ги коментираше грдите сцени на играчите на неговиот тим по натпреварот: „Пред секој натпревар одредуваме кој ќе го изведе пеналот и тоа им го соопштуваме на играчите. Во стручниот штаб, пред Валенсија, решивме дека тоа ќе биде Феран Торес. Ние сме тие што одлучуваат и играчите го знаат тоа многу добро“.

На Барселона оваа себична кавга на играчите за пеналот и последователното промашување ѝ се удри од глава, бидејќи само четири минути подоцна остана со играч помалку. Беше исклучен дефанзивецот Роналд Араухо, поради што Чави го замени младиот напаѓач Фати, кој претходно жестоко се бореше да го изведе пеналот од соиграчот назначен да го изведе.

URL
Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе