Иако стриминг сервисот HBO Max првично беше планирано да се исклучи во летото 2023 година, тоа ќе се случи малку порано.
Платформата HBO Max е многу популарна во Македонија, па многумина беа изненадени од веста дека ќе биде затворена, и дека Warner Bros. во летото 2023 година ќе го комбинира стриминг сервисот со Discovery+ во сосема нова платформа за гледање содржини.
За време на последниот разговор за заработката, претседателот и извршен директор на WBD, Давид Заслав, рече дека комбинираниот сервис ќе пристигне порано од очекуваното – напролет во 2023 година.
Двата сервиса заедно имаат 94,9 милиони претплатници, од кои огромно мнозинство се оние кои се претплатиле на HBO и HBO Max. Ова вклучува 2,8 милиони нови корисници, од кои повеќето доаѓаат од пазари надвор од САД.
Покрај комбинираниот стриминг сервис, WBD планира да лансира бесплатна ТВ-услуга (FAST) поддржана од реклами во 2023 година, а исто така објави дека инвестициите во содржини се на историски нивоа, наведувајќи го ангажирањето на режисерот Џејмс Ган и продуцент Питер Сафтан како копретседатели и извршни директори на DC Studios.
Уште не е јасно како ќе изгледа и како ќе се вика новиот комбиниран сервис. Претходно беше наведено дека ќе се потпира на содржината на HBO, односно на технологијата на Discovery+, што е особено важно ако се земе предвид големиот број корисници кои се пожалија на работата на апликацијата HBO Max.