И девојка со македонско потекло меѓу киднапираните од Хамас

19-годишна девојка со потекло од Македонија е меѓу киднапираните на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Макфакс ја потврди Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

Тешко е да се заборави снимката од 19-годишната Наама Леви, која припадниците на Хамас ја ставаат во џип во Газа со врзани раце зад грбот, а нејзината сива тренирка облеана во крв на задниот дел.

На снимката се гледаат мажи со пиштоли како ја извлекуваат Наама од багажникот на автомобилот до совозачкото седиште, додека другите гледаат и слават.

Тинејџерката е само една од 242 заложника што Хамас ги држи повеќе од еден месец.

URL

Беше откриено дека Наама била мировна активистка посветена на промовирање на вредностите на заемно разбирање меѓу Израелците и Палестинците.

Таа беше учесник во проектот „Раце на мирот“ во САД, каде што младите Американци, Израелци и Палестинци се среќаваат во потрагата по мир.

URL

Џон Линдон, кој е извршен директор на Алијансата за мир на Блискиот Исток, рече дека Наама е позитивна млада дама и нејзиното семејство само сака да ја врати дома.

Линдон рече дека бил шокиран кога открил дека киднапираната тинејџерка била учесник во програмата и оттогаш работи со нејзиното семејство за да ја подигне свеста за нејзината мака.

URL

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината прапрабаба Грасија Бивас била родена во Македонија во 1893 година во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел, каде што во текот на годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Повеќето македонски граѓани што се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјата преку специјални хуманитарни летови.

Remote video URL
Тагови
реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе