Ибра призна: Јас сум Дедо Мраз

Верувате или не во Дедо Мраз, шведскиот голгетер сепак докажа дека тој е оној кој ги носи подароците. Барем во Милано.

Златан Ибрахимовиќ сам се декларираше за Дедо Мраз бидејќи, како што вели, носи подароци за 25 соиграчи во Милан, плус за неговите две деца во Шведска.

„Никогаш не сум побарал нешто за мене за Божик. Јас сум Дедо Мраз. Јас сум тој што носи подароци за сите мои 27 деца: две се во Шведска, а другите 25 се во Миланело“, рече Ибра говорејќи за SportWeek.

Токму тој е предводник на единствениот непоразен тим од големата петка на Стариот континент, рачувајќи ги сите натпревари после прекинот поради пандемијата. Згора на тоа, Милан е и лидер во Серија А сезонава.

„Оваа година, големи честитки за она што го направивме и што го правиме. Загубивме само неколку натпревари. Не знам дали тоа е поради мене, но и јас имам удел, му дадов нешто на овој тим“

Сепак, Ибра има една желба, а тоа е да ја добие Златната топка на France Football. Дури 12 пати ја има добивано истоимената награда за фудбалер на годината во Шведска која ја доделуваат весникот Aftonbladet заедно со Шведската фудбалска асоцијација насловена како Guldbollen, но би ги трампал сите 12 за една на France Football.

„Би ги заменил моите 12 Guldbollen за една од France Football бидејќи, за мене, тие значат континуитет. Сум видел многумина како освојуваат Мундијал, ЕУРО, Лига на шампиони, дури и Златна топка, имале неверојатна година, фантастична, а потоа исчезнале. А, пак, јас сум во игра 25 години. Секогаш на врвот. Тоа е голем разлика“, објаснува тој.

Првпат Guldbollen Ибра ја доби во 2005, а потоа од 2007 до 2016 ја освојуваше 10 пати по ред иако настапуваше за пет различни тимови. Годинава ја освои својата 12-та Guldbollen, со дури 39 години. Тој е убедливо лидер по добиени награди за играч на годината во Шведска.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе