Идрис Елба откри дека расизмот го одвратил од улогата на Џејмс Бонд

Идрис Елба моментално е еден од фаворитите кога е во прашање преземањето на улогата на Џејмс Бонд, која претходно го играше Даниел Крег.

Актерот познат по серијата Luther на почетокот бил поласкан што го земаат предвид за улогата, но со текот на времето бил одбиен од реакциите на некои обожаватели, пренесува Deadline.

„Искрено, бев многу поласкан од тоа. Си мислев ‘Ова е неверојатно’ бидејќи тоа е улогата на Џејмс Бонд, сите знаеме што значи тоа. Тоа е улога што ја посакуваат сите актери“, изјави Елба за време на подкастот SmartLess. „Кога ќе ве прашаат дали сакате да бидете Џејмс Бонд, знаете дека го достигнавте врвот на вашата кариера.“

Актерот на почетокот беше среќен затоа што на фановите им се допадна идејата тој да биде новиот Џејмс Бонд, но тој беше разочаран кога некои од обожавателите на серијата се налутија поради неговата раса.

„Оние кои не беа задоволни од идејата да бидам Џејмс Бонд ми ја згадија целата работа и ме одвратија од улогата бидејќи сè се сведе на дискусија за расата. Стана бесмислено и јас ги трпев последиците“, рече Елба.

Елба за време на интервјуто за Esquire претходно оваа година рече дека повеќе не сака да се претставува како црн актер.

„Да се ​​биде актер е професија, исто како и архитект, тоа не се дефинира со раса. Меѓутоа, ако сакате вашата работа да биде дефинирана според вашата раса, имате право да го направите тоа“, рече тој.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе