ИЈЗ: Помалку новозаразени и починати изминатата недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020 година, тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 9,2 отсто во однос на минатата недела.

Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 34,8 проценти, намалување од 2 отсто во однос на минатата недела.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%), информираат од ИЈЗ.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

-Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4 проценнти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години, велат од ИЈЗ.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со COVID-19 во Република Северна Македонија може да се види на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе