ИЈЗ со препораки поради високото аерозагадување во повеќе градови

Институтот за јавно здравје објави препораки поради високо аерозагадување низ градовите во Македонија.

Според Европскиот Индекс за квалитет на воздух (Европска агенција за животна средина – ЕЕА), моменталниот Индекс за квалитет на воздух се категоризира како:

-Екстремно лош на мерните станици во Берово, Гостивар и Тетово поради зголемени концентрации на PM2.5 честички.

-Како „многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево порадизголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на PM2.5 честички.

-Во Скопје (Лисиче и Центар), Неготино и Прилеп како „лош” поради зголемените концентрации на  PM10 честички, додека во Кочани и Гевгелија поради зголемени концентрации на PM2.5 честички.

Што значи тоа по здравјето на луѓето?

Некои поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, додека поединци кои припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти.

Кои се најчувствителни и под ризик? Кои се чувствителните групи на население?

Деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Иако помладите лица и децата над 5-годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи.

Оттаму, заради превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички) кои во моментов драстично се зголемени, Институтот за јавно здравје препорачува:

За градовите со “Екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух

  • Останете дома ако не треба да излегувате.
  • Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото.
  • Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност.
  • Бремените жени треба да останат дома.
  • Луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.
  • Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница.
  • Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено.

  • Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено.

Ефектот е двоен, и како заштита од суспендираните (лебдечки) честички и од сезонските вируси (на грип, настинки, вклучително и SARS-CoV).

  • Не ги отворајте прозорците во вашиот дом.
  • Користете прочистувач на воздух без јонизатор (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца и бремени жени).

За градовите со „Лош” индекс на квалитет на воздух

  • Секој што чувствува непријатности како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено.
  • Зајакнете го имунолошкиот систем. Консумирајте здрава храна со многу овошје и зеленчук.
  • Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако не се чувствувате добро и искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.
  • Останете дома ако не треба да излегувате. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, и возрасните со проблеми со срцето, треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптоми.
  • Бремените жени треба да останат во затворен простор.
  • Луѓето со астма може да откријат дека треба почесто да ги користат нивните инхалатори.
  • Постарите луѓе исто така треба да го намалат физичкиот напор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

За сите групи на население

  • Имајте во предвид дека доколку во вашиот дом се загревате на дрва или некое фосилно гориво, вашата изложеност ќе биде значително повисока заради веројатно влошениот квалитет на воздухот во затворената просторија во која престојувате.
  • Консумирајте храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамин Ц и Е, бета-каротен, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот.
  • Консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе