Илон Маск денеска масовно ќе дели откази во Twitter

Илон Маск денеска ќе започне со масовни отпуштања во Twitter, соопштила компанијата во интерна порака по е-пошта испратена во четвртокот до вработените во социјалната мрежа.

„Во обид да поставиме здрав пат за Twitter, в петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила“, се вели во е-поштата до чија содржина дојде Reuters. И New York Times и Washington Post исто така објавија за отпуштањата и ја наведоа интерната порака.

Веста за отпуштањата во Twitter доаѓа по шпекулациите дека Маск ќе отпушти дури 50 отсто од работната сила на социјалната мрежа, само неколку дена откако стана шеф на компанијата што ја купи за 44 милијарди долари. Ова може да значи губење на илјадници работни места, бидејќи компанијата имаше повеќе од 7.000 вработени на крајот на 2021 година.

Twitter во е-пошта до вработените соопшти дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани „за да се обезбеди безбедноста на секој вработен, како и системот на Twitter и податоците на корисниците“.

Маск веќе отпушти некои директори на Твитер веднаш откако ја презеде контролата врз компанијата, вклучително и извршниот директор Параг Агравал, директорот за финансии Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Вијаја Гада.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе