Има повеќе слободни кревети од КОВИД пациенти на инфективните одделенија

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) – На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 329 пациенти, и има слободни кревети. Во ковид центрите во Скопје во изминативе 24 часа се хоспитализирани 22 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 207 лица сомнителни и потврдени за COVID-19.

Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 536 и има околу 870 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство соопштија дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопштија од Министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 13, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Министерството за здравство информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 58 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 69 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Како што посочуваат од Министерството, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.  

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе