Индекс на перцепција на корупција: С. Македонија и БиХ најлошо рангирани во регионот

Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Transparency International С. Македонија е рангирана на 111. место со 35 бодови, а таа позиција ја дели со Босна и Херцеговина и Монголија.

Во регионот на Западен Балкан најдобро рангирана е Словенија со оценка 60, потоа Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија – 38 и Косово 36 бодови.

Низ целиот регион, пандемијата на COVID-19 ги ​​разоткри системските проблеми и ја истакна широко распространетата корупција, што доведе до зголемено незадоволство кај јавноста, се вели во извештајот на Transparency International.

Се вели дека некои политички лидери ја искористија кризата за да ја зголемат својата моќ, да го намалат веќе ограничениот пристап до информации, да го елиминираат барањето за транспарентност во постапките за јавни набавки и да ги игнорираат принципите на јавна одговорност.

COVID-19 им даде изговор на корумпираните и авторитарни лидери да го намалат надзорот над јавните трошоци и да ги ограничат граѓанските слободи. Овие напори ја намалија транспарентноста за потрошувачката на странска помош, што го отежнува контролирањето на користењето на средствата за дистрибуција на помошта.

Истражувањата покажуваат дека корупцијата ги поткопува демократските права и институции, како што се слободата на говорот, пристапот до информации и независното судство и ги ограничува граѓаните да ја согледуваат и препознаваат одговорноста на надлежните.

Распространетата корупција и недостигот на транспарентност и отчетност го поткопаа адекватниот одговор на COVID-19 во сите земји во регионот, се вели во извештајот.

Најдобро позиционирани земји на глобално ниво според индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се на крајот на листата, а оваа година тоа се Сирија, Сомалија и Јужен Судан.

Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе