Иран се пофали со нова ракета со дострел од речиси 1.500 километри

Иран претстави нова ракета со дострел од 1.450 километри, објави полудржавната новинска агенција Tasnim, еден ден по продолжувањето на преговорите во Виена за спасување на нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили од 2015 година.

Ракетата беше претставена за време на посетата на највисоките ирански воени претставници на ракетните бази на Револуционерната гарда (IRGC).

„Ова стратешко оружје е ракета со долг дострел од третата генерација развиена од IGRC, придвижувана од цврсто гориво и способна да ги пробива ракетните штитови со висока способност за маневрирање“, пишува Tasnim.

„Модифицираниот дизајн ја намали тежината за една третина во споредба со слични ракети“, додава агенцијата, нагласувајќи дека времето на подготовка за неговото лансирање е скратено за шест пати.

По тој повод, шефот на вооружените сили Мохамад Багери изјави дека Иран ќе продолжи да ја развива својата ракетна програма, како по квалитет, така и по квантитет.

Делегатите во Виена велат дека не постигнале никаков напредок од обновувањето на разговорите во ноември. Западните сили веруваат дека останува уште малку време пред Иран да развие нуклеарни капацитети што ќе го направат излишен договорот од 2015 година.

Највисокиот ирански функционер за безбедност, Али Шамхани, го критикуваше американскиот пристап.

„Гласовите од американската влада покажуваат дека во таа земја нема кохерентност за да се носат политички одлуки во насока на напредок во преговорите во Виена“, напиша Шамхани на Twitter.

Тагови
реклама

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе