Иран се заканува со одмазда, Украина цели на рафинерии - сè се одразува на цената на нафтата

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата скокнаа за повеќе од 4 отсто, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните пет месеци, што најмногу е последица на зголемените тензии на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,5 отсто, на 86,91 долар.

Скокот на цената на нафтата на највисоките нивоа во последните пет месеци е најмногу резултат на зголемените тензии на Блискиот Исток. Иран соопшти дека ќе одговори на воздушниот напад на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск, главниот град на Сирија, во кој загинаа неколку високи воени претставници.

Израел не ја презеде одговорноста за нападот на конзулатот, но привремено затвори 28 амбасади ширум светот од безбедносни причини. „Пазарот знае дека Иран најверојатно ќе одговори, но не ги знае деталите и тоа создава многу вознемиреност и нервоза“, рече Бјарне Шилдроп од SEB.

ОПЕК и сојузниците се согласија да го ограничат производството

Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Reuters, можеби блокирале околу 15 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот, вклучително и Русија, на минатонеделниот состанок ја потврдија одлуката за ограничување на производството, барајќи од одделните земји строго да се придржуваат до доделените квоти.

„Построго следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнителни намалувања на производството во вториот квартал“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите. Проценките за послаба понуда се совпаднаа со знаците за забрзување на економскиот раст во САД, што може дополнително да ја зајакне побарувачката.

Аналитичарите на JPMorgan пресметаа дека светската побарувачка за нафта се зголемила солидно во првиот квартал, за 1,4 милиони барели дневно. Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годината цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 18 отсто, а на американскиот пазар за околу 21 отсто.

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе