Воен авион со 116 патници и членови на екипажот исчезнал од радар некаде над Мјанмар. Шефот на војската на Мјанмар изјавил дека контактот со пилотот одненадеж се изгубил.
„Комуникацијата е прекината во околу 1:35, кога авионот се наоѓал на околу 30 километри западно до Давеи” соопштиле од војската.
Извор од аеродромот изјавил дека во авионот имало 105 патници и 11 членови на екипажот, а потрегата по леталото е во тек.
Според последните извештаи, Мјанмар спаѓа во земјите со висок ризик од тероризам.