Исламска држава ја потврди смртта на лидерот Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши и го именуваше Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураши за нов лидер, пренесе Reuters.
Американските специјални сили го убија лидерот на џихадистичката група во напад на северозападот на Сирија, веста во февруари ја соопшти претседателот Џо Бајден.
Од Исламска држава дури денес ја потврдија веста, без прецизирање за начинот на смртта. Се претпоставува дела претходниот лидер активирал експлозивна направа и се самоубил откако бил опколен од специјалци.
Поранешниот лидер беше верски ученик и војник во војската на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Смртта на Кураши беше тежок удар за ИСИС две години по смртта на долгогодишниот лидер Абу Бакр ал-Багдади.