Поранешниот уставен судија и министер за правда Исмаил Дарлишта, на денешната седница на Советот за јавни обвинители е избран за обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
За прв човек на Вишото јавно обинителство во Битола е именувана Мери Тромбева, Билјана Стефчева е именувана за шеф на радовишкото Основно јавно обвинителство, а Ханефи Амет од Вишото скопско обвинителство е избран за обвинител во Основно јавно обвинителство во Тетово.
На седницата избрани беа и неколку в.д. шефови на обвинителства, кои ќе ја вршат должноста во следните еден до два месеци, додека новиот јавен обвинител, формира свој тим.
За вршител на должност на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал е назначена Гордана Смаќоска, на Основното јавно обвинителство-Скопје е именуван Сашо Рајев, во ОЈО Куманово е избрана Теута Бедиу, во Гостивар Башким Исини, а прв човек на битолското Основно јавно обвинителство останува Антонио Јолевски.
За останатите места за кои беше распишан оглас, истиот ќе биде поништен и ќе биде објавен нов.