Италија: Бројката на загинати во земјотресот достигна до 290

Бројот на жртвите од земјотресот кој на 24 август ја погоди централна Италија се зголеми до 290, објави службата за цивилна заштита.

Повеќето од загинатите се од градот Аматриче. Медицинска помош им била укажана на повеќе од 400 луѓе, а без покрив над главата останаа 2.444 луѓе, кои се сместени во 42 шаторски населби.

Во Асколи-Пичено се одржа погребната церемонија за 35 жртви на стихијата од местата Аркавата и Пескара дел Тронто, на која покрај шефот на државата, присуствуваше и премиерот Матео Ренци и други највисоко претставници, стотици жители и припадници на спасувачките служби.

„Немојте да се плашите да го изразите своето страдање, но не ја губете храброста. Заедно повторно ќе ги изградиме нашите домови и цркви. Заедно ќе го вратиме животот во нашите заедници, на нашите традиции и на урнатините на смртта“, изјави во проповедта бискупот на Асоли, Џовани Д’Ерколе.

Видно потресен, како што покажуваат телевизиските сними, премиерот Ренци не одржа говор, како и другите политичари, само ги поздрави семејствата на жртвите и челниците на локалните власти на крајот од церемонијата.

Меѓу ковчезите беше и оној на 9-годишната Џулија, чиешто кревко тело ја заштитило нејзината петгодишна сестричка Џорџа, која беше меѓу последните извлечена жива од под урнатините.

Втората погребна церемонија е предвидена за почетокот на следната седмица за жртвите на Акумоли и на Аматриче, населба со 2.500 жители, од кои најмалку 230 загинаа, од другата страна на планинскиот масив.

По повод денот на жалоста, каналите на јавната италијанска телевизија се означени со црна лента и не емитуваат дури ни реклами, а почест на жртвите им беше одадена симболично и со биењето на камбаните во Асиси, којашто во 1997 година и самата беше тешко оштетена во силниот потрес.

Во Аматриче во текот на изминатата ноќ и во претпладнето се извлечени нови мртви тела, со што бројот на загинатите се зголеми на 290, а под урнатините најверојатно има уште жртви.

Меѓу загинатите има најмалку 16 странски државјани, туристи или луѓе кои живеат веќе подолго во Италија: десетмина се Романци, тројца се Британци, и по една жртва од Шпанија, Канада и Салвадор, според властите на овие земји.

Почвата сè уште се тресе, што го отежнува работењето на спасувачите, иако веќе никој не очекува дека во урнатините ќе бидат пронајдени преживеани. Од средата до саботата се регистрирани 1.300 помали подземни удари, а во мугрите имаше уште еден со земјотрес со магнитуда 4 по Рихтер.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе