Италија отвори истрага против Booking.com

Италијанската агенција за конкуренција соопшти денеска дека започнала истрага за да утврди дали дигиталната платформа Booking.com ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот за хотелско сместување.

Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата, со „претпочитано партнерство“ со одредени хотели, „веројатно ја попречува ефективната конкуренција на пазарот за онлајн продажба на хотелско сместување и услуги за резервација, барем во Италија“.

Таквата стратегија „им штети на другите онлајн туристички агенти, со негативни ефекти врз капацитетот за сместување и, во крајна линија, врз потрошувачите, кои се рефлектираат во повисоки цени и ограничен избор“, се вели во соопштението на регулаторот.

Даночната полиција на Guardia di Finanza изврши претрес во италијанските канцеларии на Booking.com, се додава.

„Целосно соработуваме со Guardia di Finanza и италијанскиот орган за конкуренција кои вчера ги посетија нашите канцеларии во Италија“, изјави портпаролот на Booking.com.

„Додека соработуваме со италијанските власти, целосно веруваме дека проблемите со конкуренцијата треба да се решат директно со ЕУ, во согласност со нејзините сегашни регулаторни предлози - а не одделно, на основа од земја до земја“, додаде портпаролката на компанијата.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе