Италијанската фудбалска елита за последен пат го поздрави Давиде Астори

Илјадници луѓе, меѓу кои фудбалери, фудбалски работници и новинари се собраа во Фиренца за да присуствуваат на погребот на прерано починатиот фудбалер на Фиорентина, Давиде Астори., кој минатата недела почина во хотелска соба.

Давиде Астори имаше само 31 година, беше капитен на тимот на Фиорентина и минатата недела почина од срцева аритмија во хотелската соба, додека беше заедно со екипата во Удине, каде се спремаа да одиграат натпревар против Удинезе во рамките на Серија А.

Неговото тело беше пренесено од Удине во Фиренца и беше оставено во седиштето на Фудбалската федерација на Италија.

Погребот беше одржан во Базиликата во Санта Кроче, а први пристигна неговите соиграчи од Фиорентина, а потоа и целиот стручен штаб, како и раководството на овој тим.

На погребот присуствуваше целата италијанска фудбалска елита, меѓу кои се најдоа и Масимилијано Алегри, Џанлуиџи Буфон, дефанзивецот Џорџо Кјелини и останатите играчи на Јувентус, кои пристигна на погребот директно по нивниот реванш-натпревар против Тотенхем од Лигата на шампионите.

„Сега е време за тишина, за молк. Нашите мисли мораат да бидат со неговото семејство, а особено со неговата мала ќерка, која никогаш нема да се сеќава на нејзиниот татко. Давиде секогаш ќе биде со мене, заедно пораснавме во фудбалот и ова е огромно разочарување“, рече Масимилијано Алегри на почетокот на оваа недела.

Илјадници фанови на Фиорентина ги окупираа улиците на Фиренца за да оддадат последна почит за нивниот прерано починат капитен.

Во знак на почит, сите натпревари од Серија А минатиот викенд беа одложени, а Фиорентина и неговиот поранешен клуб Каљари, го пензионираа бројот 13 кој го носеше Давиде Астори. Фиорентина се враќа на прволигашките обврски викендов во натпреварот против Беневенто.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе