Италијанскиот Сенат го ратификуваше Проколот за НАТО

Скопје, 16 октомври 2019 (МИА) – Италијанскиот Сенат денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Со Италија, 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот facebook профил.

- Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Но, засега неизвесно е дали пред одржувањето на Самитот тоа ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку сѐ помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера во интервју за МИА во однос на ратификацијата на Протоколот пред самитот на Алијансата изјави дека нема конкретен одговор, но, сепак, остава можност тоа да се случи. Според него, извонреден успех за земјата е што само за девет месеци документот го ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Интервјуто Сера го даде пред ратификацијата на Италија.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Обединетото Кралство, Холандија и Исланд. Според праксата досега, вообичаено Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, сѐ уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на Конгресот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе