Иванка Трамп стигна во Израел, двајца мртви во протестите против американската амбасада

САД денеска ќе ја отворат новата амбасада во Ерусалим – потег што Израел го пофали, а Палестинците го осудуваат.

Високи претставници од САД ќе присуствуваат на свеченоста, меѓу кои ќерката на Доналд Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, и двајцата високи советници на претседателот, кои веќе пристигнаа во Израел.

Палестинците се противат што САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел бидејќи тврдат дека источниот дел на градот е нивен и треба да биде главниот град на палестинската држава.

Палестинците во Газа денеска се судрија со израелските трупи на границата и две лица беа смртно застрелани во протестите.

Хамас, исламистичката група што владее со Газа, ги организира масовните протести во т.н. Голем повратен марш за преминување на границата во изминатите шест недели.

Околу 45 Палестинци беа смртно застрелани од израелските трупи во овој период, а има и илјадници ранети.

Израел го окупираше Источен Израел во 1967 година и го анексираше секторот, потег што не беше признаен од ниту една земја, сѐ додека Трамп не го направи тоа во декември, 2017 година.

Одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел ја прекина долгогодишната неутралност на САД по ова прашање и ги подгреа тензиите со меѓународната заедница.

Мала привремена амбасада ќе почне од денеска да функционира во постоечкиот конзулат на САД во Ерусалим, а подоцна ќе се пресели во поголем објејкт кога останатиот дел од амбасадата ќе се премести од Тел Авив.

Свеченото отворање ќе се поклопи со 70-годишнината на државноста на Израел.

Се очекува Доналд Трамп да се обрати на свеченоста преку видеоповик.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе