Изборите во Полска јасно укажуваат на поделба на општеството: Исток и Запад како два различни света

Граѓаните на Полска синоќа излегоа на гласање, а според првите прелиминарни резултати, големи се шансите актуелната конзервативна влада на чело со партијата Право и правда (ПиС) повеќе да не биде на чело на државата.

Иако гласовите сѐ уште се пребројуваат, можеби побавно од очекуваното, медиумите во Полска веќе ги имаат прелиминарните резултати и покажуваат дека ПиС (PiS) освоил 40,17% од гласовите, додека Граѓанската платформа (KO), односно сојузот на опозициските партии на чело со Доналд Туск освоил 26,26% од гласовите.

Потенцијално важната партија за формирање влада, Трет пат (Trzecia Droga), освои 13,97% од гласовите, додека Нова Левица (Nowa Lewica) има поддршка од 8,09% од гласовите.

Според прелиминарните резултати, партнерите на актуелната влада, десничарската партија Конфедерација (Konfederacja), целосно потфрлија и моментално имаат 7,41% од гласовите, што значително го отежнува потенцијалното формирање влада на ПиС.

Резултати од 9:33 часот денеска:

• PiS - 40,17%
• Koalicja Obywatelska - 26,26%
• Trzecia Droga - 13,97%
• Nowa Lewica - 8,09%
• Konfederacja - 7,41%
• Bezpartyjni Samorządowcy - 1,88%
• Polska Jest Jedna - 1,71%

Сепак, додека се пребројуваат гласовите, она што е особено интересно да се набљудува е моменталната карта на Полска, која се базира на досега преброените гласови.

Изборната кампања најмногу беше насочена кон навреди и зајакнување на поделбите, а се чини дека резултатите од изборите јасно потврдија дека Полска во моментов е крајно поделено општество.

Имено, според мапата на полски Onet, западот на земјата мнозинството гласови му ги додели на Доналд Туск, односно на сојузот на опозициските партии.

Граѓанската коалиција почесто ја поддржуваат жителите на големите градови, додека во руралните средини победник е Право и Правда, објаснуваат оттаму.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе