Избрани најдобрите серии на Netflix во 2023 година

Netflix имаше свои успеси и падови и оваа година кога се во прашање филмовите и сериите. Од фалената One Piece, кој ги воодушеви обожавателите и критичарите, до третата сезона на The Witcher, која наиде на главно лоши критики.

Членовите на Facebook групата Netflix Bangers неодамна ги избраа најдобрите филмови на годината на Netflix, а сега се свртеа и кон сериите. Во продолжение ви ги претставуваме 10-те серии кои добија најмногу пофалби.

All the Light We Cannot See

Воената минисерија All the Light We Cannot See, адаптација на Netflix на истоимениот роман напишан од Ентони Доер, дојде на Netflix на почетокот на ноември, но веќе ги освои срцата на гледачите.

Серијата следи двајца тинејџери кои растат за време на Втората светска војна - слепата Французинка Мари-Лор и младиот Германец Вернер Пфениг, кој е принуден да се бори за германската војска.

Remote video URL
Who is Erin Carter?

Британската трилер серија Who is Erin Carter, со Евин Ахмад во главната улога, се најде на врвот на гледаноста во дури 82 земји.

Серијата ја следи британската учителка Ерин Картер, која живее во Барселона со сопругот и ќерката. Откако таа е принудена да се брани за време на грабеж на супермаркет, нејзиното мистериозно минато почнува да се појавува и да ги загрозува животите на нејзиното семејство.

Remote video URL
Criminal Code

Бразилската криминална серија Criminal Code, во која главните улоги ги толкуваат Мејв Џинкингс, Ромуло Брага и Томас Акино, сè уште е во топ 10 најгледани серии на Netflix.

Criminal Code следи група детективи од Парагвај кои се обидуваат да стават крај на криминална организација која ги преминува границите на нивната земја.

Remote video URL
One Piece

Адаптацијата на Netflix на мангата One Piece, напишана од Еичиро Ода, ги собори рекордите на гледаност поставени од Stranger Things и Wednesday.

Серијата го следи младиот пират Луфи, кој се обидува да го пронајде богатството наречено One Piece и на тој начин да стане крал на сите пирати. Попатно, тој запознава пријатели кои му се придружуваат во авантурата.

Remote video URL
Dear Child

Германскиот психолошки трилер Dear Child, кој ги освои корисниците на Netflix ширум светот, е базиран на истоимениот бестселер на писателката Роми Хаусман.

Главниот фокус на серијата е Лена и нејзините две деца, кои живеат во затскриената кабина на нивниот киднапер. Откако Лена и мистериозното девојче успеваат да побегнат од заробеништво, полицијата повторно започнува со истрага за случајот на киднапирање стар 13 години.

Remote video URL
A Nearly Normal Family

Шведската серија A Nearly Normal Family моментално е на третото место на листата на најгледани серии на Netflix.

Оваа криминална серија ги прикажува настаните што доведоа до и по убиството на 32-годишен маж. Во целиот случај е вклучено навидум совршено семејство, чии животи се менуваат по убиството.

Remote video URL
The Lincoln Lawyer

На листата се најде и втората сезона на една од најпознатите серии на Netflix, во која главните улоги ги толкуваат Мануел Гарсија-Рулфо, Нив Кембел и Беки Њутн.

The Lincoln Lawyer е правна серија базирана на романите на Мајкл Конели, во која се појавува адвокатот и поранешен зависник Мики Халер, кој претпочита да работи во својот автомобил наместо во канцеларија.

Lupin

Иако третата сезона на Lupin наиде на одредени критики, таа и понатаму ги воодушевува гледачите, а особено впечатлива е изведбата на главниот актер Омар Сж.

Во третата сезона, познатиот крадец Асан Диоп се обидува да се одмазди за смртта на неговиот Бабакар, кој стои зад угледно и богато семејство.

Remote video URL
The Fall of the House of Usher

Режисерот Мајк Фланаган се врати на Netflix во октомври со реномираната серија The Fall of the House of Usher, инспирирана од делата на Едгар Алан По.

Серијата на Фланаган ги следи живите членови на богатото семејство Ашер, сопственици на корумпирана фармацевтска компанија кои се прогонувани од духовите од минатото.

Remote video URL
The Railway Men

Многу корисници на Netflix ја пофалија индиската историска серија The Railway Men, со Р. Махаван, Кеј Кеј Менон и Дивиенду во главните улоги.

The Railway Men ја прикажува најтешката индустриска несреќа во историјата, која се случила во 1984 година во Бопал, кога протеколо големо количество хемикалии, предизвикувајќи смрт на илјадници луѓе во околните градови. Серијата ги следи железничарите кои спасија многу животи по трагична несреќа.

Remote video URL
Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Read more

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Read more

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе