Излезе трејлерот за последната сезона на The Crown

Пристигна трејлерот за последната сезона на полуларната серија за британското кралско семејство, а воедно е објавен и датумот на излегување на првите епизоди.

Трејлерот за 6. сезона на серијата на Netflix го прикажува враќањето на Имелда Стонтон како кралицата Елизабета. Исто така, може да се видат клипови од актерките кои претходно го играа нејзиниот лик - Клер Фој и Оливија Колман.

Првите четири епизоди од серијата ќе бидат објавени на стриминг платформата на 16 ноември. Потоа ќе се направи пауза од речиси еден месец пред да бидат достапни последните шест епизоди на 14 декември.

Претстојната сезона на историската драмска серија на Питер Морган ги раскажува доцните 90-ти и раните 2000-ти, период дефиниран со трагичната смрт на принцезата Дијана.

Remote video URL

Што се однесува до смртта на Дијана, извор за Variety изјави дека продукцискиот тим сакал „да ја одработи како што треба и внимателно да постапува со неа“. Новите епизоди ќе ја следат и расцутената романса на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон додека и двајцата студираа на Универзитетот „Сент Ендрјус“.

URL

Во новата сезона играат Елизабет Дебики како принцезата Дијана, Ед МекВеј како принцот Вилијам, Лутер Форд како принцот Хари, Мег Белами како Кејт Мидлтон, Џонатан Прајс како принцот Филип, Доминик Вест како принцот Чарлс и Оливија Вилијамс како Камила Паркер-Боулс.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе