Изолација и епидемиолошко следење на сомнителните случаи на мајмунски сипаници

Скопје, 11 август 2022 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

– Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација.

– Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5.162, Германија – 2.982 и Велика Британија – 2.914.

Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе