Изолацијата поради COVID-19 се скратува на седум дена

Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – Периодот на изолација или карантин поради COVID-19 се намалува на седум дена, одлучи Владата на денешната седница, по вчерашната препорака од Главниот координативен кризен штаб донесена на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

Фото: КАЈГАНА

Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата донела одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19, како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со COVID-19.

-Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на COVID-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест, односно се асимптоматски случаи на COVID-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање), наведуваат од владината прес-служба.

Според одлуката на Владата, за лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, треба да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.

Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на COVID-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин, според владината одлука, треба да има за оние лица кои исполнуваат еден од критериумите: Вакцинирани со две или три дози, а од последната доза да не поминале повеќе од шест месеци; Прележани со COVID-19, а позитивниот тест да не е постар од шест месеци; Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден, информираат од Владата.

Одлуката за кратење на периодот за изолација следи по препораката што до Владата ја достави вчера Главниот координативен кризен штаб на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

Министерството за здравство претходно информираше дека во последните 24 часа од направени 6.119 тестови регистрирани се 2.019 новозаболени од коронавирусот.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Македонија

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Read more

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе