ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Јакимовски: По логиката на Груби, победник е ВМРО

Стевчо Јакимовски даде интересна анализа на вчерашното излагање на Артан Груби од ДУИ кој побара секоја партија да си ги брои пратениците посебно, а не по коалиции.

Со статус на својот Facebook профил, поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на политиката партуија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, го искоментира ставот на Артан Груби околу тоа кој е победник на изборите, по логиката која членот на ДУИ ја презентираше во јавноста.

„Го гледав вечерва интервјуто на Артан Груби на кое кажа неколку интересни тези:
Првата, дека секоја партија па и во рамките на коалициите треба да се разгледа посебно односно вели дека Беса треба да се гледа одвоено од СДСМ, Алијанса одвоено од Алтернатива и ВМРО ДПМНЕ одвоено од коалиционите партнери.
Супер епа тогаш вака стојат работите по таа математика,
во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ГРОМ има еден пратеник, Социјалистичка партија има два и ДПСМ на Стоиљковиќ еден. Значи 44 пратеника за Обнова на Македонија минус 4 на коалиционите партнери се 40 на ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Можеме на чело со СДСМ има четири пратеника на БЕСА, два од ЛДП, два од НСДП, еден на ДОМ, еден на ВМРО- НП, еден на ДС, еден на ПДТ значи од вкупно 46 минус 12 на коалиционите партнери останува СДСМ со 34 пратеници.

Сега прашуваме кој треба да добие мандат за состав на влада по теоријата на Артан Груби, ВМРО ДПМНЕ со 40 или СДСМ со 34 пратеници?“, прашува тој.

Исто така, ја коментираше и тезата на Груби дека неизлегувањето на гласање на етничките Македонците е де факто поддршка за ДУИ.

„Второ, интерсена теза исфрли господинот Груби дека излезноста кај македонското гласачко тело јасно става до знаеење дека е незадоволно од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Тоа значи дека македонското гласачко тело јасно дава подршка за третата опција а тоа е ДУИ, така вели Артан Груби. Добро му е рамислувањето на овој преставник од ДУИ ама не ми е јасно како не излегувањето на референдумот на македонското гласачко тело го сватија како јасна порака за промена на името, уставните промени и влез во НАТО.
Како тамо не ја препознаа јасната порака кај македонското гласачко тело за несогласување со промена на уставното име“, пишува Јакимовски.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе