Јанакиески: Целокупната постапка е спроведена согласно законите

„Одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план претставува основа за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на Комисијата, од причина што укинатиот Урбанистички план претставува суштински елемент на договорот“, соопшти поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со случајот „Топлик“.

„Комисијата за продажба на градежно неизградено земјиште при Министерството за транспорт и врски по отстранување на забелешките од страна на претходната комисија кои се од технички карактер и по целосно комплетирање на документацијата од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, на 4 април 2007 година има објавено Јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија во општина Сопиште, согласно одредбите од Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, а не согласно Законот за јавните набавки, како што беше изнесено на денешната прес-конференција на СЈО“, се вели во Јанакиески.

Јанакиески тврди дека спротивно на наводите изнесени на денешната прес конференција на СЈО, за наводно постапување спротивно на членот 3 од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 79, од 3.10.2001 година, објавата за отуѓување на градежното земјиште ги содржела сите задолжителни податоци кои се предвидени во споменатата уредба и тоа: податоци за градежното земјиште кое е предмет на отуѓувањето, почетната цена по квадратен метар за земјиштето, рок за поднесување и начин на поднесување на пријавите за учество, депозит за учество на јавното наддавање, начин на спроведување на наддавањето и место и време на одржување на јавното наддавање, што може да се констатира од самата објава за отуѓување на предметното земјиште, објавена во печатените медиуми.

„Целокупната постапка е спроведена согласно законските и подзаконските прописи кои го уредуваат отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, што може да се констатира и од позитивното мислење на државниот правобранител, како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија“, тврди Јанакиески.

Јанакиески вели дека единственото нешто што било преземено од страна на Министерството за транспорт и врски во постапката за враќање на уплатените средства и законски утврдената затезна камата, за што обвинува СЈО, е постапувањето согласно судската спогодба, која е извршна исправа. Непостапувањето по судска спогодба претставува основа за кривична одговорност согласно законските прописи (член 377 од КЗ), како и можност за дополнителни казнени камати на штета на буџетот на Република Македонија, потенцира тој.

„Апсурдно е што Јанева и СЈО товарат други лица и институции затоа што бил спроведуван законот и затоа што не извршиле кривично дело. Измислувањето случаи каде што сè е чисто и според Закон, како во конкретната пригода, е само уште еден јасен показател дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија“, заклучува Јанакиески.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе