Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева,  ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители на која се разгледуваше Извештајот на СЈО, затоа што не се согласува со начинот на кој постапувал еден од членовите на Советот.

По три часа расправа, таа одлучи да ја напушти седницата поради, како што рече личните навреди од Зоран Сулејманов – член на Советот кој почнал да ја напаѓа обвинителката за работи кои не се однесуваат на Извештајот на СЈО.

Јанева одговори дека нема да трпи лични напади и ја напушти седницата.

„Јас сум задоволна од начинот на кој комунициравме со Советот. Апсолутно сум изненадена од нивната заинтересираност за работата на Специјалното јавно обвинителство и се надевам дека ќе ја продлабочиме самата соработка. Решија дека ќе дојдат да ги посетат просториите на СЈО, каде што согласно нивната надлежност ќе им бидат покажани и самите материјали кои ги имаме кај нас. Во однос на последното, личните навреди и вадење од контекст од Извештајот прашања, немам потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата, но сметам дека и членовите на Советот на јавни обвинители, исто така ја напуштија седницата бидејќи не го оправдуваа начинот на кој постапуваше господинот Сулејманов“, рече Јанева, во изјава за новинарите по излегувањето од Советот.

Согласно Законот за СЈО, Јанева е обврзана на секои шест месеци да доставува Извештај за својата работа до Советот на обвинители и Собранието на Република Македонија. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе