Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Ниеден учебник за VII одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено дека до 1 септември ќе има учебници и за VII одделение, министерката Јаневска соопшти дека фактичката состојба во Министерството е сосема поинаква.

„Не само што ниеден учебник за VII одделение не е даден за печатење, туку огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, не е креиран учебникот. Некои не поминале ни рецензија. Волшебно стапче да имаме ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за VII одделение. Оттука, веќе неколку дена траат преговорите и разговорите со Бирото за развој на образованието за да го надминеме овој проблем со идејата дека децата и оваа година треба да учат од старите учебници, односно од учебниците што се користеле оваа година“, рече министерката Јаневска, која денес беше дел од годишниот настан „Разговори за еднаквост“ во организација на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Во следниот период најави дека ќе проверат дали тие учебници одговараат на наставните програми. Од Бирото за развој на образованието веќе добиле образложение дека учебниците се прилично компатибилни, освен за две-три теми за кои може да се направат наставни материјали.

„Разговорите сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период учениците од VII, VIII и IX одделение да имаат учебници. Притоа наставниците тоа го знаат, тие мора да се спремни да предаваат и по наставна програма. Ако некоја тема не е соодветна во учебникот, тие треба да им ја предадат на децата така како што треба, да им обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, да им посочат интернет-литература“, вели министерката Јаневска.

Таа најави дека за ден-два ќе може да соопшти што е договорено за учениците да имаат учебници.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Македонија

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Read more

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе