Јосип Броз Тито почина пред 40 години: Споменот преживеа, Југославија не

МИА/КАЈГАНА
/ 04.05.2020 / 09:11

На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година.

Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.

Погребот на Јосип Броз Тито се смета за едно од најголемите испраќања на еден државник во светски рамки. Целата планета исто така сведочеше и на погребот на една моќна држава само неколку години подоцна.

Remote video URL

Анегдотското одбивање на Тито навремено да му се направи ампутација на левата нога ги чинеше Југословените претседател, а политичкиот врв кој во наредните години еволуираше во Белград ѝ пресуди на земјата на најкрвав начин.

Дали човекот од Кумровец можеше да ја спаси Југославија и после својата смрт ако обезбедеше систем со кој ќе се „спречеа деведесеттите“? Одговорот на тоа прашање можеби ќе чекаме уште 40 години.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more
 

Ново

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе
  • filter

5 мај 1821, починал Наполеон Бонапарта

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе