Реал Мадрид ја одбил понудата од 60 милиони евра, која Манчестер Јунајтед ја испратил за напаѓачот Алваро Мората, пренесе Sky Italia.
Според истиот извор, во понудата не бил вклучен и голманот на Манчестер Јунајатед Давид де Хеа, а Реал за Мората побарал 89,3 милиони евра.
Алваро Мората во штотуку завршената сезона со Реал ја освои Лал Лига и Лигата на шампионите, а постигна 20 голови во сите натпреварувања.
Мората во договорот со Реал имал откупна клаузула од 100 милиони евра.
Sky Italia тврди дека доколку Манчестер Јунајтед не успее да го реализира трансферот на Мората, тогаш ќе се насочи кон напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.