Јужна Кореја на готовс: Нешто постојано се поместува во Северна Кореја

Јужна Кореја е во состојба на целосна воена подготвеност откако се појавија шпекулации дека Северна Кореја наскоро повторно ќе изведе тестирање на балистичка ракета.

Се стравува дека тоа би можело да е случи кога Северна Кореја ќе одбележува 72 години од основањето на владејачката Работничка партија.

Агенцијата AFP потсетува дека Пјонгјанг често изведува провокативни тестови за одбележување на клучни историски моменти за земјата.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја рече дека војската внимателно го следи движењето на севернокорејската војска и дека е на воен готовс.

Агенцијата „Јонхап“ објави дека на одредени локации во Северна Кореја се забележани „конзистентни поместувања на војска и опрема“ и дека можно е во тек да се подготовки за ново тестирање на вооружувањето на земјата.

Уште не е познато дали Северна Кореја ќе одржи официјална прослава за годишнината од основањето на владејачката партија, ниту дали лидерот Ким Џонг Ун ќе се појави пред јавноста.

Севернокорејтките медиуми известуваат дека истовремено се работи на развој на нуклеарно оружје и на стопанството и додаваат дека воената сила е гаранција за победа.

Во почетокот на септември, Северна Кореја ја изведе шестата и најобемна нуклеарна проба досега, со тврдење дека имало експлозија на хидрогенска бомба што може да се прикачи на ракета.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе