Каде е најголемата нееднаквост во распределбата на богатството во Европа?

Нееднаквоста во богатството е многу очигледна низ светот, што важи и за Европа. Имено, најбогатите 10% во Европа поседуваат 67% од богатството, додека останатите поседуваат само 1,2% од богатството.

Нивото на нерамномерна распределба на богатството варира од земја до земја, како што е наведено во минатогодишниот извештај на Credit Suisse и UBS. Богатството се дефинира како вредност на финансиските и другите средства, како што е недвижен имот, минус износот што се должи.

Нееднаквата распределба на богатството се мери со коефициентот Џини (Gini). Колку е поголем овој коефициент, толку е поголема нееднаквоста во распределбата на богатството, додека 0 претставува целосна еднаквост во распределбата на богатството.

Меѓу 36-те европски земји каде што беше измерена (не)еднаквоста во распределбата на богатството во 2022 година, коефициентот Џини се движеше од 50,8 во Словачка до 87,4 во Шведска. Во Босна и Херцеговина овој коефициент изнесуваше 69,0 што значи дека е меѓу земјите со нешто порамномерна распределба на богатството. Само Црна Гора (68,0) и Словенија (64,4) се меѓу земјите од регионот чиј Џини коефициент е помал од оној на Босна и Херцеговина. Нема податоци за Македонија, Косово, Молдавија, Украина, Белорусуија, Русија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Андора, Монако, Лихтенштајн, Сан Марино и Ватикан.

Нееднаквоста во распределбата на богатството е доста висока во речиси сите нордиски земји - единствен исклучок е Исланд. Германија (77,2), потоа Франција (70,3), Шпанија (68,3) и Италија (67,8), има најголема нееднаквост во распределбата на богатството меѓу четирите големи земји на Европската Унија.

Во Шведска, земјата со најнееднаква распределба на богатството во Европа, најбогатите 10% поседувале 74,4% од богатството. Ова ја направи Шведска земја каде што најбогатите 10% поседуваат најмногу богатство во споредба со најбогатите 10% во секоја друга европска земја.

Зошто Шведска е прва по нееднаква распределба на богатството

За многумина е изненадувачки што нееднаквата распределба на богатството е толку голема во нордиските земји. Сепак, како што забележа д-р Лиса Пелинг од организацијата Arena Ide во Стокхолм, даночниот систем е најодговорен зошто е тоа така.

„Во последните неколку децении укинавме бројни даноци на богатство. Во моментов нема данок на богатство во Шведска, нема данок на наследство, подароци и имот“, истакна Пелинг.

Таа смета дека шведските компании кои работат ширум светот, кои имаат корист од инвестициите финансирани од парите на даночните обврзници, не ги враќаат тие пари на граѓаните.

„Покрај тоа, имаме многу ниски корпоративни даноци. Тоа значи дека има многу можности богатите да станат уште побогати“, истакна Пелинг.

Систем за социјална заштита

Пелинг додаде дека Шведска сè уште е една од најрамноправните земји во светот во други аспекти. Ова се однесува на добар систем за социјална заштита. Сепак, приватните институции за социјална заштита се финансираат од буџетот, што ги прави сопствениците на овие институции многу богати.

Фактори за нееднаква распределба на богатството

Еден од главните фактори за нееднаквата распределба на богатството низ Европа е стапката на поседување недвижен имот за живеење. Имено, забележливо е дека во земјите со повисок степен на сопственост на овие имоти, има помала нееднаквост во распределбата на богатството. Покрај сопственоста на недвижен имот, (не)еднаквоста во распределбата на богатството се изразува и во (не)можноста за исплата на доброволна пензија и животно осигурување, пишува Euronews.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Свет

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Read more

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Read more

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Read more

Вести

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе