За поголемиот дел од земјите на Стариот континент зимскиот трансфер период заврши вечерта на 31 јануари, но трансферот на Ѕаниоло во Галатасарај нѐ потсети дека некаде сѐ уште е отворен.
Токму во Турција, каде Галатасарај ќе го направи својот најскап трансфер во историјата носејќи го Николо Ѕаниоло од Рома, зимскиот трансфер период трае до утре, 8 февруари.
Има уште неколку европски земји каде овој преоден рок е активен, а такви се Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Лихтенпштајн, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Чешка, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Швајцарија, како и Северна Македонија.
Во Македонија зимскиот трансфер период се отвори на 15 јануари, па нормално е што трае подолго. Кај нас трансфер пазарот се затвора на 11 февруари.
Нормално, има и земји надвор од Европа каде трае преодниот рок, а од поактрактивните лиги се оние на Јапонија, Кина, Јужна Кореја и ОАЕ, како и некои егзотични дестинации.
Листа на отворени лиги за трансфери и до кога траат:
8 февруари
ОАЕ
Турција
Нов Зеланд
9 февруари
Азербејџан
10 февруари
Србија
Есватини
11 февруари
Габон
Црна Гора
Северна Македонија
13 февруари
Романија
Виетнам
14 февруари
Унгарија
Лаос
Мали
15 февруари
Хрватска
Лихтенштајн
Швајцарија
Словенија
Узбекистан
17 февруари
Босна и Херцеговина
Тахити
21 февруари
Словачка
22 февруари
Русија
Чешка
Сејшели
23 февруари
Малезија
28 февруари
Ерменија
Бугарија
Полска
Кина
Монголија
Сирија
Тајван
Нова Каледонија
Брунеј
1 март
Украина
Јордан
9 март
Бенин
19 март
Сингапур
23 март
Малдиви
24 март
Јужна Кореја
25 март
Таџикистан
26 март
Филипини
31 март
Киргистан
2 април
Јапонија