Како да го украсите балконот за новогодишните празници?
Со почетокот на декември доаѓа и новогодишното расположение и веќе почнуваме да размислуваме како ќе ги прославиме празниците и доаѓањето на новата година.
На сето тоа му претходи украсување на домот, а тука спаѓа и балконот на вашата куќа или стан.
Дали ќе ставите само венец и дискретни светилки или ќе направите зимска бајка со Дедо Мраз, Снешко и црвени панделки, тоа е ваш избор, а ние ви нудиме неколку идеи како да го декорирате балконот оваа празнична сезона.