Како да испаднеш глуп, фудбалско издание

Голот на Сент Луис Сити против Остин стана вирален на социјалните мрежи.

Фудбалот е полн со убави голови, потези, шанси, но има и многу грешки и промашувања. Еден од потезите кој стана хит на социјалните мрежи е виден во Америка. Во МЛС каде фудбалер на Остин буквално му подари топка и гол на Сент Луис Сити.

Дефанзивецот Кип Келер ја имаше топката во 78. минута, бараше кому да ја додаде, ја следеше ситуацијата напред и потоа се сврте кон својот голман, па реши да му ја испрати топката. Она што не го забележа е дека меѓу нив двајца се наоѓа противничкиот играч Џеред Строуд. Му ја додаде топката право в нозе, па на Строуд не му беше тешко да го матира Бред Стувер во ситуација еден на еден. За работите да бидат полоши за Келер и Остин, гостите направија целосен пресврт. Тоа беше гол за 2:2, по што во 86. минута Жао Клаус погоди за 2:3 и големо славје.

URL

Овој потег и голот како што се виде брзо се прошири на социјалните мрежи и сите се изненадени. Впрочем, тоа се виде и од реакцијата на играчите на теренот и публиката. И соиграчите на Келер и противниците беа во шок. Инаку, она што е интересно за МЛС е ситуацијата околу асистенциите. Според правилата на ова натпреварување, асистенција му се припишува и на играчот кој му ја додал топката на асистентот за гол.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе