Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Многумина замислуваат една прилично моноетничка Македонија со сите свои делови пред поделбата. Истражувањето на маперот Никола става крај на сите неодговорени прашања.

Клик за поголема верзија

 

Македонија во 1905 година. Сѐ уште само како област во рамките на Отоманското царство, две години по задушувањето на Илинденското востание. Каков бил етничкиот состав на сите три дела - Вардар, Егеј и Пирин?

Маперот Никола од Скопје, кој се крие зад Instagram и Facebook страницата Macedonian maps, вели дека за да ги пресмета бројките и да ја создааде оваа мапа ги искористил буквално сите достапни податоци од тој период.

Етничкиот состав вели дека во сите три дела мнозинство биле Македонците, а секаде на второ место биле Турците, што е за очекување со оглед на тоа што ова е периодот пред масовното иселување на Турците во Турција.

Во Вардарска Македонија, или она што денес е независна Македонија, имало 699.718 Македонци, 198.432 Турци, 125.587 Албанци и 30.468 Власи.

Во Егејска Македонија населението било следно: 490.628 Македонци, 341.499 Турци, 294.443 Грци, 60.780 Евреи, 54.652 Власи, 22.985 Роми и 10.470 Албанци.

Во Пиринска Македонија со 173.620  огромно мнозинство биле Македонците, а имало и 30.420 Турци, 4.678 Власи и 4.645 Грци.

Нормално, во сите три имало и други помалубројни етникуми кои не се наведени.

Ако направиме математика, вкупниот број во трите дела ја создава следнава етничка слика:

  • Македонци 1.363.966
  • Турци 570.351
  • Грци 299.088
  • Албанци 136.057
  • Власи 89.798
  • Евреи 60.780*
  • Роми 22.985*

*Недостасуваат бројките од Вардар и Пирин.

Да нема забуна, на мапата се претставени само трите дела без оние што подоцна влегле во состав на Албанија и Србија (и Гора денес во Косово), како и без полуостровот Атос (Света Гора).

Етничкиот состав денес е драстично сменет, особено во Егејот. Нормално, следувале Балканските војни, па Првата и Втората светска војна, егзодусот на Македонците од Егејот и конечно укинувањето на сите основни права на Македонците во Пирин.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Read more
 

Вести

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Читај повеќе

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Читај повеќе