Како непрофесионалните портали да станат и нерелевантни?

Скопје, 25 октомври 2019 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија во соработка со Стопанската комора денеска во Битола одржаа средба на тема „Соработка помеѓу новинарите и локалната бизнис заедница преку создавање на професионални онлајн медиуми”.

На средбата учествуваа новинари, медиумски сопственици, како и претставници на бизнис заедницата, а се разговараше за создавање регистар на професионални онлајн медиуми. Регистарот се очекува да биде подготвен во текот на идниот месец, а треба да служи за да ѝ помогне на јавноста, но и на бизнис заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми се професионални, се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум.

Преку овие средби ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора сакаат да дојдат до најквалитетните решенија кои ќе доведат до поголема професионализација на новинарството и ќе придонесат за промоција на саморегулацијата во медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакнал дека овој Регистар ќе придонесе да се подобри кредибилитетот на професионалните медиуми, да се препознаат оние кои ги почитуваат стандардите и оние кои се главни прекршители.

Претставничката на СЕММ, Катарина Синадиновска, соопшти ЗНМ, посочи дека процесот ќе придонесе за непрофесионалните портали да станат и нерелевантни.

– Можеби дел од нив ќе продолжат да постојат, но јавноста ќе знае дека тоа што го пишуваат мора да се зема со резерва, рече Синадиновска.

Претставничката на Стопанската комора за Пелагонискиот регион, Ирена Јакимовска, поддржана од присутните бизнисмени, порача дека регистарот е вистински чекор во интерес и на бизнис заедницата и дека тие како стопанственици ќе го следат како водич во корпоративните политики кон медиумите.

Оваа активност е поддржана и од Стопанската  комора на Македонија и е предвидена во Меморандумот за соработка, претходно потпишан помеѓу ЗНМ и Комората. Оттаму, на средбата присуствуваа новинари од повеќе редакции од Битола и Прилеп, како и претставници од фирмите Бимилк, Мермерен комбинат, Витаминка, Комфи ангел, Тутунски комбинат.

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе