Како Ридли Скот го одбрал Хоакин Феникс за улогата на Наполеон?

Ридли Скот, режисер на хитови како што се Gladiator и Blade Runner, во интервју за Deadline откри зошто го избрал Хоакин Феникс да го игра Наполеон во неговата претстојна историска драма.

Скот претходно работеше со Феникс во Gladiator, каде актерот го играше главниот негативец, но филмот што го натера да го избере Феникс беше Joker од 2019 година.

„Бев воодушевен од неговиот контроверзен филм Joker. Не ми се допадна што филмот промовира насилство, но Хоакин беше извонреден. Мислев дека ќе биде одлично засилување за Наполеон, не само креативно, туку и комерцијално. Имав само двајца актери на ум за оваа улога. Нема да кажам кој е другиот“, рече Скот.

Сценариото за Napoleon го напиша Дејвид Скарпа, кој веќе работеше со Скот на филмот All the Money in the World. Napoleon го следи подемот и падот на францускиот генерал и император низ призмата на неговата страсна врска со царицата Жозефина, која во филмот ја игра Ванеса Кирби.

Скот откри дека одлучил да сними филм за Наполеон бидејќи ја сака Франција, каде што одел на одмор како тинејџер.

„Отсекогаш ми се допаѓаше францускиот начин на живот. Никогаш не сум ги заборавил летните одмори во Франција. Толку го сакам Париз што имам канцеларија таму. Мојот прв филм The Duelists беше за Наполеон, само Наполеон не се појави во него“, рече режисерот.

Remote video URL

Napoleon доаѓа во кината на 22 ноември оваа година, а откако ќе заврши со прикажување во кината, филмот ќе биде достапен на платформата за стриминг Apple TV+.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе